shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Утре втора контрола, противник е Терек Грозни

По вчерашниот тест против Днипро и триумф од 3-2, тимот на Работнички во Анталија продолжува со одработување на планираната програма за подготовки на шефот на стручниот штаб Виктор Треневски. Денеска на ’менито’ се напорни тренинзи за подобрување на физичките способности, но и работа со топка и воигрување на тимот. Веќе утре следи и втората контрола на формата во турскиот туристички центар.

Работнички утре, со почеток во 16 часот по македонско време, ќе одигра пријателски натпревар со рускиот клуб Терек Грозни. Мечот ќе се одигра на стадионот „Каја Риу фудбал центар“ во Белек регион. Стручниот штаб и на овој натпревар ќе им даде можност за настап на поголем број фудбалери, со цел да ја провери и да ја темпира нивната форма за пролетниот дел од сезоната.