shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Триумф над Днипро на првиот тест во Анталија

Работнички оствари триумф од 3-2 против украинскиот прволигаш Днипро на првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Посебно импресивен беше настапот на избраниците на Виктор Треневски во второто полувреме од овој меч.

rabotnicki - dnipro 2
Днипро прв дојде до водство на овој натпревар со погодокот на Баланјук во 30.минута. Украинскиот тим изведе убава акција по левата страна, следеше центаршут, а Баланјук се најде на вистинското место во петерецот на Даниел Божиновски.

Во 39.минута, Херера несреќно си постигна автогол. Сакаше да ја расчисти опасноста по центаршутот од десната страна, но со удар со глава ја затресе сопствената мрежа.

Три минути подоцна, Работнички го постигна првиот погодок. По корнерот од десната страна, одлично скокна Филип Ивановски и со удар со глава ја смести топката зад грбот на противничкиот голман.

rabotnicki - dnipro 3

Во вториот дел, Работнички беше убедливо подобар тим и успеа да стигне до триумф. Во 57.минута, Кире Маркоски рутински ја погоди мрежата на Днипро, по одличната акција во која учествуваа Силјановски и Ивановски.

Во 72.минута, слична акција од левата страна, Емир Сахити излезе сам пред противничкиот голман и прецизно стрелаше.

Фудбалерите на Днипро имаа убава можност за израмнување во 87.минута, но дирекот го спаси Божиновски.

РАБОТНИЧКИ – ДНИПРО 3-2 (1-2)

Стадион во Анталија. Стрелци: Ивановски 42’, Маркоски 57’, Е.Сахити 72’ (Работнички), Баланјук 30’, Херера автогол 39’ (Днипро).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Рашо, Митрев, Херера, Трајчевски, Најденов, Елмас, Дурански, Маркоски, Ивановски. Уште играа: Борха, Лукин, Демир, Е. Сахити, Станковски.

ДНИПРО: Лунин, Адамјук, Лопирјонок, Полјови, Черебјачко, Кочергин, Чеберко, Ротан, Лунјов, Довбик, Баланјук.