shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички замина на подготовки во Анталија

Натпреварувачкиот погон на Работнички замина за Анталија (Турција) каде во наредните денови ќе ја реализира втората фаза од зимските подготовки. Тренерот Виктор Треневски на пат поведе 25 фудбалери, кои во следниот период ќе имаат можност да се докажат и низ неколку пријателски натпревари. Во турската база нашиот тим ќе има далеку подобри услови за тренинзи од снежните кои се уште владеат во Македонија.

На 28.јануари, нашиот тим ќе ги одмери силите со украинскиот клуб Днипро, два дена подоцна ќе следи меч со рускиот клуб Терек Грозни, а на 2.февруари противник ќе биде унгарскиот клуб МТК.

За 4.февруари е планиран уште еден тест – натпревар, и најверојатно ќе биде одигран неофицијален тренинг натпревар со украинскиот клуб Олимпик Доњецк, со кој ќе бидеме сместени во истиот хотел во Анталија.

Тимот на Работнички го напушти младиот фудбалер Милан Ристовски, кој заминува на шестмесечна позајмица во хрватскиот клуб Ријека. Во претстојниот период ќе продолжи потрагата по квалитетен напаѓач кој би го засилил составот за пролетниот дел од сезоната.

let 2 let 3let 4let 5