shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пораз од Брегалница на првата контрола

Работнички доживеа пораз (2-1) од Брегалница на првиот пријателски натпревар од почетокот на зимските подготовки, што се одигра на вештачкото игралиште во Штип. Штипскиот прволигаш дојде до триумф во судиското продолжение од натпреварот.

stip 1

Стрелец за нашиот тим на овој меч беше младиот напаѓач Марио Станковски, кој со удар со глава ја затресе мрежата на Брегалница во 22.минута. Штипскиот тим израмни во 37.минута преку Темелков, а на крајот дојде и до триумф.

Тренерот Виктор Треневски на овој пријателски натпревар го изведе следниот состав: Божиновски, Херера, Митрев, Рашо, Стојковски, Дурански, Трајчевски, Лукин, Елмас, Ивановски, Станковски. Од почетокот на второто полувреме играа: Шишковски, Ристовски, Кудијан, Демир, Ацковски, Најдовски, Наумчевски.