shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски ја изврши првата прозивка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички денеска ги стартуваше зимските подготовки, откако шефот на стручниот штаб Виктор Треневски ја изврши првата прозивка на која се појавија сите играчи од фудбалскиот погон. Тренинзите ќе почнат од утре, а ќе се работи двапати дневно, во сала за кревање товар, како и на терен. Зимските услови иако ќе го отежнат, сепак, нема да бидат пречка за спроведување на планот.

„Ќе работиме двапати дневно, на подобрување на физичката подготвеност. Ова е таков период, треба да се оформи базата за понатамошните активности. Во Скопје ќе останеме до 26.јануари кога ќе отпатуваме на подготовки во Анталија. Планирани се три подготвителни мечеви пред заминувањето за Анталија, а два се веќе договорени, на 21.јануари против Брегалница и на 23.јануари против Хоризонт Турново. Секако, главната фаза од подготовките ќе ја спроведеме во Турција“, вели шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.

Засега нема нови имиња во тимот, но во наредните денови ќе има активности и на тој план. Раководството и стручниот штаб имаат планови за засилување на конкуренцијата во составот на Работнички.

rabotnicki-2rabotnicki-4rabotnicki-3rabotnicki-2rabotnicki-1rabotnicki