shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Среќна Нова 2017 година!

Фудбалскиот клуб Работнички на сите свои членови, навивачи, симпатизери, деловни и спортски пријатели, како и ривали, им ја честита Новата 2017 година, со желба за многу среќни моменти и успеси.

И во животот и во спортот, здравјето секогаш е на прво место и треба да си го чуваме, а среќата се заслужува со напорна работа и многу труд.

ФК Работнички во 2017 година влегува со многу нови желби и амбиции, но и со јасно поставена стратегија за да продолжи да чекори успешно по веќе добро зацртаниот пат. Целите се познати, нови радости, успеси, освојување на трофеи во Македонија, но и во Европа.

Среќна Нова 2017 година,

ФК Работнички