shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елиф Елмас доби признание и од Град Скопје

Фудбалерот на Работнички, Елиф Елмас, продолжува да ниже успеси во 2016 година. Откако беше прогласен за најдобар млад фудбалер во Македонија во изборот на ФФМ, тој доби признание и во изборот на најдобри спортисти на Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Елмас се најде меѓу петте најдобри млади спортисти во градот Скопје, рангиран на четвртата позиција. Во оваа категорија, за најдобар млад спортист беше избран каратистот Азис Исмаил.

За најдобар спортист на град Скопје е избран пливачот маратонец Томи Стефановски, а најдобар клуб е шаховскиот клуб Алкалоид.