shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички на 305.место на ранкингот на УЕФА

ФК Работнички ќе ја заврши 2016 година на 305.позиција на рангирањето на УЕФА за најдобри европски клубови. Овој е ранкинг кој се изработува согласно постигнатите резултати на клубовите во последните пет години на меѓународната сцена, но и во домашните шампионати.

rabotnicki lista uefa

За настапот во квалификациите во Лигата на Европа и елиминацијата од Будуќност во воведното коло, Работнички оваа сезона освои само 0.500 поени. Вкупниот коефициент на нашиот клуб изнесува 3.875.

Подобар од Работнички на овој ранкинг, кога се во прашање македонските клубови, е само шампионот Вардар, кој се наоѓа на 253.позиција.