shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми без голови со Брегалница, за крај на есента

Работнички ремизираше без голови на гостувањето против Брегалница во Штип и есенскиот дел од шампионатот ќе го заврши на четвртата позиција на табелата во Првата лига, со 28 освоени бода. Дуелот во Штип беше тежок и неизвесен до самиот крај, а мрежите мируваа и на двете страни.

Во третата минута Најденов се обиде од слободен удар, но шутираше директно во Кобетиќ. Потоа возврати Костов со удар со глава по корнерот од левата страна, но не беше прецизен.

Во 15.минута Работнички имаше одлична можност за водство. Елмас доби топка на дваесетина метри, влезе во дрблинг по левата страна, шутираше откосо, но Кобетиќ успеа да одбрани и ја исфрли топката во корнер.

Десет минути подоцна Здравков се обиде од слободен удар, но шутираше над голот.

Пред крајот на првиот дел, Темелков упати сулен шут од далечина и ја погоди гредата од голот на Божиновски. Топката се одби во поле, и за среќа, опасноста беше расчистена.

Здравков повторно се обиде од слободен удар на стартот на вториот дел, а во 71.минута, Велинов имаше убава шанса и шутираше од десетина метри, но Божиновски одбрани.

На крајот се чини дека ремито е и најреален епилог на оваа средба.

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-0

Градски стадион во Штип. Гледачи: 1.500. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Ж. картони: Јованоски (Брегалница), Трајчевски, Е. Сахити, Најдовски, Наумчевски, Елмас (Работнички).

БРЕГАЛНИЦА: Кобетиќ, Ристовски, Лескароски, Ѓорески, Костов, Темелков (76’ Илијев), Јованоски, Далчески, Здравков, Велковски (60’ Георгиев), Велинов (86’ Коцев).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Најдовски, Митрев, Рашо, Наумчевски, Трајчевски, Најденов, Дурански, Елмас, Адешина (55’ Е. Сахити), Ивановски.