shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јосип Бартон ќе го суди мечот Брегалница – Работнички во Штип

Работнички в недела (13 часот) гостува во Штип и ќе ги одмери силите со Брегалница во рамките на 18. првенствено коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Одредени се и официјалните лица за овој натпревар.

Главен судија ќе биде Јосип Бартон од Скопје, а ќе му помагаат Иса Емурли (с.Шемшево) и Насуф Љатифи (Брвеница). Четврти судија е Константин Влахо од Скопје.

За делегат на натпреварот е одреден Жарко Стојаноски од Тетово, додека контролот на судењето ќе биде Ѓорѓе Гоцевски (Струмица).