shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: На победа во Штип, за убав крај на есента

Крајот е убав кога ќе заврши победнички. В недела се игра последното коло од есенскиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија, а Работнички гостува во Штип и ќе ги одмери силите со последнопласираниот тим на Брегалница. По трите позитивни резултати во серија, капитенот Душко Трајчевски се надева дека Работнички ќе освои три бода и на гостувањето во Штип.

„Посакуваме победа за крај на есента. Со евентуален триумф, би можеле да заминеме на зимска пауза и како третопласирани, иако тоа ќе зависи и од резултатот на Пелистер. Но, со тоа толку и не се оптоваруваме, туку сме фокусирани на тоа како ние ќе одиграме во Штип. Брегалница е последнопласирана на табелата, но апсолутно нема да го потцениме овој ривал, затоа што штипјани играат навистина цврсто, посебно пред својата публика. Нема да биде лесно, тоа е јасно, но нашата цел е да одиграме квалитетен меч и по можност да ги освоиме трите бода“, најавува капитенот Душко Трајчевски.