shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ремизираше со Шкендија (2-2), може да жали и за трите бода

Работнички остана непоразен на гостувањето во Тетово против Шкендија, играјќи 2-2. По триумфот над Вардар во минатото коло, тимот на Виктор Треневски одигра храбро и против Шкендија, а може на крајот да жали и за трите бода. Филип Ивановски во судиското продолжение имаше круцијална шанса за да донесе победа за нашиот тим, но Јовановски го одбрани неговиот удар.

Шкендија поведе со голот на Ферхан Хасани во 15.минута. Капитенот на домашните успеа со удар од 25 метри да ја погоди мрежата на Божиновски. Но, потоа возврати Работнички.

Во 34.минута, Вујчиќ погреши на средината на теренот, тоа го искористи Суад Сахити, продре по десната страна, уфрли во средината за Емир Сахити, а Марко Јовановски направи пенал над него. Доби жолт картон, а можеби тоа беше и старт за исклучување, а пеналот го реализира Филип Ивановски во 35.минута, за израмнување на 1-1.

skendija - rabotnicki 77

На почетокот на второто полувреме, Шкендија повторно поведе. Ферхан Хасани беше побрз од нашата одбрана, шутираше со левата нога од 15 метри и ја погоди мрежата.

Но, и Работнички повторно возврати. Најденов продре по средината, одлично го проигра нововлезениот Кире Маркоски, кој со прецизен удар со десната нога го совлада Јовановски.

Две минути подоцна Хасани ја погоди гредата од слободен удар. Шкендија се закани и со ударите од далечина на Бојку и на Алими, но Божиновски не дозволи да биде совладан по третпат.

Во самата завршница, Филип Ивановски имаше колосална шанса за триумф на Работнички, но Марко Јовановски го одбрани неговиот удар.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-2 (1-1)

Стадион во Тетово. Судија: Дејан Јакимовски (Скопје). Стрелци: Хасани 15’, 49’ (Шкендија), Ивановски 35’ пен., Маркоски 58’ (Работнички). Ж. картони: Јовановски (Шкендија), Елмас, Трајчевски (Работнички).

ШКЕНДИЈА: Јовановски, Мурати (70’ Радески), Цуцули, Положани, Бејтулаи, Тодоровски, Вујчиќ, Тотре (63’ Бојку), Алими, Жуниор (83’ Имери), Хасани.

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Силјановски, Митрев, Рашо, Херера, Трајчевски, Најденов (70’ Најдовски), С. Сахити (53’ Маркоски), Елмас, Е. Сахити (86’ Дурански), Ивановски.