shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Против Шкендија, со истиот мотив како и против Вардар

Работнички му го нанесе првиот пораз на шампионот Вардар во минатото првенствено коло, а сега избраниците на Виктор Треневски се пред нов голем предизвик, дуел со Шкендија во Тетово. Десниот бек Горан Силјановски е уверен дека тимот може да ја повтори играта од дербито со Вардар и да остане непоразен и против Шкендија.

„Работнички несомнено има квалитет и тоа го демонстрираше на најдобар начин на мечот со Вардар. Со иста мотивација, но и максимална концентрација, треба да влеземе и на следниот дуел со Шкендија. Не летаме во облаци, свесни сме дека не очекува тешко гостување, но знаеме и дека поседуваме квалитети за да победиме секого во оваа наша лига. Доколку ги исполниме задачите од тренерот Треневски, верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат“, вели Горан Силјановски.

По 15 одиграни кола во Првата фудбалска лига на Македонија, Работнички се наоѓа на четвртата позиција со 23 освоени бода, додека Шкендија е второпласирана, со 30 бода.