shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми со Ренова во Тетово (1-1)

Работнички одигра 1-1 против Ренова на гостувањето во Тетово во рамките на 12.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Со тоа тимот го задржа позитивниот тренд и и има низа од три меча без пораз.
Тимот на Виктор Треневски, со оглед на создадените шанси, можеби заслужи и повеќе од бод на овој меч во Тетово.

Ренова прва поведе со голот на Ремзифаик Селмани во 21.минута, кој искористи невнимание во нашата одбрана и од втор обид, со шут од непосредна близина го совлада Дамјан шишковски.

Но, потоа Работнички тргна по израмнување. Елмас во 28.минута највисоко скокна по корнерот, но не ја зафати топката со глава како што посакуваше. Пет минути подоцна, Филип Ивановски упати одличен удар со глава од десетина метри, по центаршутот на Херера од левата страна, но Хаџо во последен момент одбрани со нога.

Тоа беше најава за голот на Работнички во 36.минута. Суад Сахити центрираше од десната страна, Ивановски со глава ја спушти топката до Елмас, кој со полуволеј удар ја затресе мрежата на Ренова.

На стартот на вториот дел, нашиот тим нападна за да стигне до водство. Шутот на Елмас беше блокиран во последен момент, а во 52.минута Емир Сахити беше за малку покус во обидот да ја внесе топката во голот, по корнерот од десната страна.

До крајот, иако и двете екипи играа активно, посакувајќи три бода, сепак, дуелот меѓу Ренова и Работнички заврпи со поделба на бодовите.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 1-1 (1-1)

Градски стадион во Тетово. Судија: Стојанче Стојанов (Штип). Стрелци: Селмани 21’ (Ренова), Елмас 36’ (Работнички). Ж. картони: Селмани, Садики, Гафури (Ренова), Е. Сахити, Елмас (Работнички).

РЕНОВА: Хаџо, Мишковски, муслиу, Садики, Мемеди, Незири, Јусуфи (69’ Скендери), Шабани (67’ Рамадани), Нухи, Селмани (83’ Нафиу), Гафури.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Рашо, Митрев, Херера, Најденов, Дурански (88’ Наумчевски), Елмас, Е. Сахити (70’ Томаш), С. Сахити (79’ Адешина), Ивановски.