shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Го пронајдовме вистинскиот ритам, сега треба да продолжиме

Работнички е во низа од две последователни победи, а ќе се обиде позитивниот моментум да го задржи и на следниот првенствен натпревар против Ренова во Тетово. Капитенот Душко Трајчевски истакнува дека атмосферата во тимот е повторно победничка по двата триумфи, а тој и соиграчите посакуваат нов успех и против „гипсарите“ на претстојното гостување.

„Го пронајдовме вистинскиот ритам и тоа е добро за нас. Одигравме квалитетен натпревар против Шкупи и само што победивме, туку и ја зголемивме самодовербата. Ако на претходниот дуел со Македонија ЃП, иако победивме сепак одеше тешко, против Шкупи навистина бевме многу подобри. Постигнавме голови навреме, ја осигуравме победата, а имавме и целосна контрола на играта. Тоа од нас го бара и шефот Виктор Треневски, а ние се трудиме максимално да ги исполниме задачите. Сега треба да продолжиме во ист ритам и да се обидеме да стигнеме до нови бодови и против Ренова во Тетово. Се работи за цврста екипа со искусни фудбалери, но веруваме дека можеме да стигнеме до успех ако ја повториме играта од минатиот дуел со Шкупи“, истакнува Душко Трајчевски.