shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Маркоски: Нема предавање до самиот крај

Работнички се врати во победнички ритам на првенствениот дуел со Македонија ЃП, иако триумфот беше остварен на многу тежок начин, во последните моменти од средбата. Но, сега погледите се насочени кон Купот на Македонија и утрешното гостување во Тетово, каде тимот го очекува реванш натпреварот од осминафиналето против Шкендија.

Работнички има негатива од 0-2 по првиот меч во Скопје, но, сепак, Кире Маркоски најавува борба до самиот крај.

„Нема предавање. Работнички секогаш игра и верува во успех до самиот крај. Така беше и против Македонија ЃП и успеавме да стигнеме до победата. Но, ќе мора во Тетово да одиграме многу, многу подобро. Шкендија има предност по првиот натпревар, а ние ќе се обидеме да возвратиме на утрешното гостување. Ќе биде навистина тешко, но однапред не се предаваме“, порачува Кире Маркоски, кој беше стрелец на претходниот натпревар против Македонија ЃП најавувајќи го пресвртот.

Мечот меѓу Шкендија и Работнички се игра утре, со почеток од 14.30 часот, на Градскиот стадион во Тетово.