shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ставрев ќе го суди утрешниот меч Победа – Работнички

Работнички утре (15 часот), во рамките на осмото коло од Првата фудбалска лига, ќе гостува под „Тумбе кафе“ во Битола и ќе ги одмери силите со Победа. Одредени се службените лица за овој натпревар.

Главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје). Четврти судија е Томче Чагоровски од Битола.

За делегат на натпреварот е одреден Зоран Поп – Панев од Штип, додека контролор на судењето е Сашо Лазаревски од Куманово.