shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Суад Сахити: Да ја подобриме реализацијата и ќе ја изненадиме Шкендија

Работнички загуби од Шкендија (0-2) во првиот осминафинален меч од Купот на Македонија, но веќе утре (15.30 часот) во Ѓорче Петров истите две екипи ќе ги одмерат силите во првенствена прволигашка пресметка. Фудбалерите на Виктор Треневски имаа неколку изгледни шанси и на куп – дуелот за први да го отворат резултатот, но не ги искористија. Потоа дојде казната на спротивната страна.

„Имавме навистина неколку убави шанси. Но, не ги искористивме, за жал. Тоа е сегментот што треба да го подобриме и верувам дека можеме да ја изненадиме Шкендија на утрешниот првенствен натпревар. Се работи за квалитетен тим, но не и непобедлив. Ние апсолутно веруваме во нашите можности“, вели Суад Сахити.

Со натпреварот меѓу Работнички и Шкендија утре ќе биде отворено седмото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Правдата на овој меч ќе ја дели Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов (сите од Скопје).