shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички учествуваше на Генералното собрание на Европската Асоцијација на клубови

ФК Работнички беше активен учесник на Генералното собрание на Европската Асоцијација на клубови (ЕКА) кое се одржа во Женева. Нашиот клуб на 17. Генерално собрание на асоцијацијата на европски фудбалски клубови го претставуваше генералниот секретар Ненад Монев и беше дел од 153 присутни клубови, а од Македонија свој претставник имаше и Шкендија.

На ова собрание клубовите беа информирани за новините кои ќе следат во Лигата на шампионите од сезоната 2018/19, се разговараше и за напредокот на фудбалската игра, како и можностите за поголема глобална заработка.

„ФК Работнички беше активен учесник на 17.Генерално собрание на Европската Асоцијација на клубови, на кое беа презентирани многу новини од сферата на меѓународниот европски фудбал, како и промените што ќе следат во Лигата на шампионите од сезоната 2018/19. Покрај ова, овој собир го искористивме и за многу нови контакти и отпочнување на пријателство и меѓусебна соработка со неколку големи европски клубови. Нивните искуства, совети и примери секако ќе бидат добредојдени за нас“, вели генералниот секретар, Ненад Монев.

nenad rabotnicki ECA 2

nenad rabotnicki ECA 3

nenad rabotnicki ECA 4

nenad rabotnicki ECA 5