shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Маркоски: Ќе биде тешко во Битола, но сакаме продолжување на позитивната низа

По трите почетни победи на стартот од новата сезона, фудбалерите на Работнички со мотив плус го очекуваат дерби натпреварот од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига против Пелистер во Битола кое се игра утре под „Тумбе кафе“ со почеток од 16:30 часот.

Крилниот офанзивец Кире Маркоски оптимистички е расположен пред дуелот со битолчани, иако повикувајќи на максимална претпазливост во пресметката против клубот кој со големи амбиции ја стартуваше новата сезона.

„Очекувам тежок натпревар против Пелистер. Многу добро знаеме дека Битола, како град, од недела до недела живее за фудбалот, а сега дополнително мотивирани го очекуваат натпреварот со нас. Свесни сме дека ќе биде исклучително тешко да се дојде до позитивен резултат, но веруваме во себе, и сигурно на утрешниот натпревар одиме со цел да ја продолжиме победничката низа“ – вели Маркоски.

Напаѓачот на „романтичарите“ со својот погодок ја донесе победата на дуелот против Ренова. Сега, посакува повторно гол против Пелистер, но, како што вели, најмалку е важно името на стрелецот, само нека има голови…

„Зошто да не? Би ми било мило да постигнам гол, но најмалку важно е тоа кој ќе биде стрелец на погодоците, важно е екипата да победува“ – истакнува Маркоски.