shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Елмас, Маркоски и Шишковски на списокот на Благоја Милевски

Тројца млади фудбалери на Работнички се најдоа на списокот на селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски за квалификациските натпревари против Шкотска и против Северна Ирска.

Покрај претходно стандардните, голманот Дамјан Шишковски и напаѓачот Кире Маркоски, сега во националниот тим за играчи до 21 година, е и фудбалерот од средниот ред Елиф Елмас, кој во репрезентацијата добива повик со само 16 години и 11 месеци.

Елмас демонстрираше одлични игри во дресот на Работнички изминатиов период, на стартот од новата сезона во домашниот шампионат, по што следи и повикот за настап во младата селекција.

Младата репрезентација на Македонија, против Шкотска игра на гостински терен на 2. септември од 19:30 часот, а со Северна Ирска во Скопје на 6. септември од 18:45 часот. По седум одиграни натпревари е на третата позиција на табелата во Групата 3 со 12 бода, колку што има и второпласираниот Исланд. На првото место е Франција со 14 бода.