shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Треневски: Не се залетуваме, чекор по чекор до нашите цели…

Шефот на стручниот штаб на Работнички, Виктор Треневски сосема очекувано е задоволен од стартот на новата сезона во домашниот шампионат, и трите почетни победи.

Малкумина, можеби, веруваа во еден таков почеток на сезоната, но Треневски и неговите избраници на најдобар можен начин ја демонстрираа својата огромна желба и мотив за нова успешна сезона. Така беше и на последниот натпревар против Ренова, кога се славеше со 1-0, а можеше да биде многу поубедливо.

„Да, можевме да славиме и убедливо, но за сите е добро познато дека Работнички има навистина млади момци во своите редови. И, можеби тука лежи причината што не успеавме да дојдеме ете до тој втор гол. Поради младоста како да недостасува малку искуство и присебност во клучните моменти да дојдеме до реализација. Но, секако дека мора да бидам задоволен од новата победа и освоените три бода, против една цврста екипа како што е Ренова, посебно во едни тешки временски услови за игра“ – вели Треневски.

Според првиот човек на клупата на Работнички, тимот и натаму треба да ја надоградува играта и не треба да се залетува пред продолжението од првенството.

„Не треба да се залетуваме, но чекор по чекор да го остваруваме нашиот план. Во континуитет сега ни следат натпревари кои носат предизвик, и мора максимално подготвени да ги дочекаме“ – истакнува Виктор Треневски.