shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Ставрев ќе го суди мечот Работнички – Ренова в недела

Работнички по двете победи во двете воведни кола во македонскиот шампионат на кои играше како гостин, в недела за првпат ќе биде и во улога на домаќин во третото коло од новата сезона во Првата лига. На Националната арена „Филип Втори“ ќе го пречекаме тимот на Ренова, со почеток од 16.30 часот.

Одредени се и официјалните лица за овој натпревар. Главен судија на мечот ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Четврти судија е Игор Ширилов (сите од Скопје).

За делегат на овој натпревар е одреден Рами Реџепи од Липково, а контролор на судењето ќе биде Делчо Јакимовски од Скопје.