shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Марјан Ецкоски ќе го суди натпреварот Шкупи – Работнички

Работнички в недела (17.30 часот) ќе гостува на Чаир во рамките на второто колото од новата сезона во Првата лига. Одредени се и официјалните лица за овој натпревар. Правдата ќе ја дели Марјан Ецкоски (Охрид), а ќе му помагаат Ацо Мацевски и Лазе Чакарески (Струга). Четврти судија на овој натпревар ќе биде Јосип Бартон (Скопје).

За делегат е одреден Зоран Недев (Неготино), а контролор на судењето ќе биде Бранко Манојлоски (Тетово).