shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Одложен натпреварот Македонија ЃП – Работнички

Новата натпреварувачка сезона во Првата лига сепак нема да започне викендов за нашиот тим, откако беше донесена одлука за одложување на натпреварот од првото коло меѓу Македонија ЃП и Работнички.

Ваквиот развој на настаните следи по барањето на домашната екипа за одложување на средбата за неколку дена поради технички проблеми на стадионот во Ѓорче Петров.

Барањето на Македонија ЃП за одложување беше прифатено, по што новиот термин за одигрување на оваа средба е среда, со почеток во 17.30 часот.