shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Реми (2-2) на тестот со Македонија ЃП

Работнички одигра 2-2 против новиот прволигаш Македонија ЃП на пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот во Ѓорче Петров. Ова беше и прв меч на новиот шеф на стручниот штаб Виктор Треневски на кормилото на нашиот тим. Тој имаше можност да ја увиди моментната форма на најголем дел од фудбалерите, во пресрет на почетокот на новата првенствена сезона.

Во првото полувреме, Македонија ЃП беше тимот кој успеа да обезбеди водство. Двоен стрелец за ѓорчепетровци беше Кристијан Стојкоски, кој ја погоди нашата мрежа во 18. и во 38.минута од средбата.

Во вториот дел, Работнички возврати и стигна до израмнување. Тони Џангаровски си постигна автогол во 68.минута, а Леон Најдовски беше стрелец на вториот погодок во 72.минута.