shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Виктор Треневски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички

Прославеното македонско фудбалско име Виктор Треневски е нов шеф на стручниот штаб на Работнички.

По настапите на тимот во Лигата на Европа ова лето, а во очекување на новата натпреварувачка сезона, Работнички потпиша едногодишна соработка со Треневски со можност за продолжување на истата на уште една година.

„Се одлучивме на тренерската функција да го доведеме Виктор Треневски, кој е реномирано фудбалско име и во Македонија, но и на балканските простори. Искрено се надеваме дека ќе донесе нов импулс за тимот, нов начин на работа на патот кон новите успеси, а младите фудбалери ќе имаат добар пример и авторитетен шеф на стручен штаб со кој ќе ги оствариме планираните амбиции. И во новата сезона Работнички ќе атакува на највисок пласман во домашните натпреварувања, секако со амбиција за европски излез и следната сезона“ – истакна претседателот на ФК Работнички, Драган Поповски на официјалната промоција на новиот шеф на стручен штаб.

1-IMG_4742

Досегашниот тренер Томислав Франц, продолжувајќи го континуитетот на работа во редовите на Работнички, останува како прв асистент во стручниот штаб на Треневски, во кој и натаму ќе бидат и Марјанчо Андрески и тренерот на голманите, Драги Атанасовски.

43-годишниот Виктор Треневски досега во својата тренерска кариера беше на чело на црногорскиот прволигаш Дечиќ, како и на словенечкиот Заврч, а во играчката кариера своите најславни фудбалски денови ги мина во белградски Партизан. Има настапи и за црногорскиот Будуќност, за мексиканската Пуебла, но и словенечките Драва, Копер, Олимпија Љубљана. Во Македонија беше член на Силекс и Пелистер, а има и 17 настап во дресот на македонската репрезентација.