shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Франц: Ќе играме храбро и на реваншот во Подгорица

Тренерот на Работнички, Томислав Франц, изрази жалење што доминацијата на денешниот натпревар со Будуќност не беше крунисана со победа, па „романтичарите“ со реми од 1-1 ќе патуваат на реваншот во Подгорица. Сепак, Франц е оптимист дека неговите избраници ќе можат да повторат слична храбра игра и со нешто подобра реализација да се пласираат во следната фаза од квалификациите за Лигата на Европа.

Не можам да бидам задоволен од резултатот, со оглед дека одигравме 1-1, но имавме најмалку десетина шутеви на голот, а голманот на Будуќност, со што се сложува и мојот колега Вукотиќ, беше најдобриот играч на противникот. Во првите половина час одигравме можеби под очекувањата, можеби тоа е плод и на младоста на најголем дел од фудбалери, а потоа примивме и гол од речиси неизградена можност на Будуќност, по една наша невнимателност во одбраната. Но, во вториот дел покажавме дека Работнички е поквалитетен тим, беа создадени неколку убави шанси пред голот на гостите, два пати ја погодивме гредата и само поради недостаток на концентрација во завршницата не успеавме неколку пати да ја затресеме противничката мрежа. Замените донесоа поголема свежина во нашата игра и во завршницата успеавме да постигнеме еден гол, па сега со реми одиме во Подгорица и мислам дека се уште имаме реални шанси да се пласираме во следното коло. Не се предаваме, ќе играме отворено и во реваншот, покажавме дека имаме квалитет за да се пласираме во следното коло од квалификациите за Лигата на Европа – изјави Франц на прес-конференцијата по средбата со Будуќност.