shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

ИНФОРМАЦИЈА за медиумите: Акредитирање за мечот со Будуќност

ФК Работнички в понеделник (27 јуни), со почеток во 12 часот, закажува прес – конференција во салата на националната арена „Филип Втори“ по повод мечот од првото квалификациско коло од Лигата на Европа против црногорскиот претставник Будуќност. По завршувањето на пресот ќе бидат поделени и акредитациите за медиумите.

ФК Работнички ги известува сите медиуми дека акредитирањето за претстојниот натпревар можат да го извршат на следниот мејл contact@fkrabotnicki.com, најдоцна до 27 јуни (понеделник) до 10 часот.

Црногорскиот клуб Будуќност ќе одржи прес – конференција на арената „Филип Втори“, в понеделник (17.45 часот), во пресрет на официјалниот тренинг.