shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Билетите за мечот со Будуќност во продажба по цена од 150 денари

ФК Работнички во соработка со продажната мрежа на МК Тикетс од денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот против Будуќност во рамките на квалификациите за Лигата на Европа, кој ќе се одигра во вторник (28 јуни), со почеток во 18 часот.

За гледачите во функција ќе биде Јужната трибина на арената „Филип Втори“, а билетите ќе се продаваат по цена од 150 денари. Денеска продажбата ќе се врши онлајн преку МК Тикетс, а од понеделник и на билетарницата на стадионот „Филип Втори“.