shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Филип Дурански две години во Работнички

Досегашниот член на Силекс, Филип Дурански потпиша двегодишен договор со ФК Работнички.

24-годишниот фудбалер од средниот ред е најновото засилување на Работнички за следната сезона и настапите во квалификациите од Лигата на Европа ова лето.

„Филип Дурански е навистина квалитетно засилување за нашиот тим, кој веруваме ќе донесе голема свежина во играта во средниот ред. Договорена е соработка во следните две години која, искрено веруваме, дека ќе биде повеќе од успешна“ – вели претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Дурански, по одличните две сезони минати во кратовски Силекс, повторно се враќа во Работнички каде настапуваше во сезоната 2013/2014. Претходно има настапи и за Турново, како и за чешката Славија Прага.

На тимот на Работнички, Филип Дурански ќе се приклучи за време на подготовките во Словенија.