shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Најденов дебитираше за Македонија во триумфот над Азербејџан

najdenov so azerbejdzan 2Фудбалерот на Работнички, Бојан Најденов, имаше победничко деби (3-1) во А – репрезентацијата на Македонија на денешниот пријателски натпревар против Азербејџан одигран во Бад Ерлах, Австрија. Тој се најде во стартниот тим на селекторот Игор Ангеловски и настапи до 83.минута, кога на негово место во игра влезе Бесир Демири.

Македонија славеше со головите на Радески, Пандев и на Нестороски, додека единствениот погодок за Азербејџан беше дело на Исмаилов од пенал.

Најденов останува во националниот тим и за пријателскиот натпревар против Иран на 2 јуни, иако стартот на подготовките на Работнички е означен за утре.