shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски: Сакаме триумф над Вардар, за да завршиме на третата позиција

Соседско дерби за крај на шампионатот. Дуел кој нема големо бодовно значење, но, сепак за нашиот тим и нема да биде потполно ревијален. Работнички утре (16.30 часот) го пречекува Вардар и посакува триумф, за да заврши на третата позиција на табелата, истакнува Горан Силјановски.

„Натпреварот нема врвно бодовно значење, но тоа не значи дека не посакуваме да стигнеме до триумф. Ќе го дадеме својот максимум, да одиграме еден квалитетен меч за крај на шампионатот. Имаме и мотиви, сакаме да завршиме како третопласирани на крајот од ова првенство. Чувствуваме мал замор, се уште се свежи и емоциите од финалето на Купот, има и доза на разочараност по загубениот пехар, но ќе смогнеме сили да одиграме еден квалитетен натпревар против шампионот“, вели Горан Силјановски.