shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Младите пионери поразени од Шкупи во финалето на Купот

Младите пионери на Работнички доживеаја пораз од 1-2 од тимот на Шкупи во финалето на Купот на Македонија, што денеска се одигра на теренот во комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Избраниците на Марјанчо Андрески прикажаа допадлива игра, но, за жал, не успеаја да стигнат до пехарот.

rabotnicki - skupi 4
На почетокот од дуелот и двете екипи пропуштија по една добра можност за постигнување на погодок. Шкупи поведе во 22.минута, со погодокот на напаѓачот Мухарем Сухељ. Истиот играч осум минути подоцна го зголеми водството на својот тим на 2-0.

rabotnicki - skupi 5

Работнички беше подобар ривал на теренот во второто полувреме. Преку Божидар Митревски успеа да ја намали негативата на на 2-1, а потоа со сите сили притискаше и за израмнување. Сепак, нашите млади фудбалери не успеаја да постигнат втор гол и го загубија мечот.

rabotnicki - skupi 2
ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 1-2 (0-2)

(1-0 Мухарем Сухељ 22’; 2-0 Мухарем Сухељ 30’, 2-1 Божидар Митревски 65’)

Тренинг центар „Петар Милошевски” – Скопје

РАБОТНИЧКИ: Кирил Петрески, Дарко Костовски, Никола Мижовски, Николај Мелов, Борис Јакимовски, Божидар Митревски, Рилинд Ајдини, Никола Андрески, Давид Тошевски, Димитар Тодоровски, Трајче Пеев.

Тренер: Марјанчо Андрески.

Резерви: Никола Николов, Марко Андоновски, Леонид Јанкуловски Редев, Јездимир Неделковиќ, Христијан Стојановски, Дамјан Масевски, Ален Личина.

ШКУПИ: Нухи Јонуз, Адис Османовски, Заим Цури, Хасиб Ибрахими, Висар Имери, Ањдин Цули, Сухејљ Мухарем, Аган Зубер, Фахрудин Ченгиќ, Бурим Алити, Мухамед Адеми.

Тренер: Јетон Муслиу.

Резерви: Ерден Сејди, Мемет Идризи, Адем Сопа, Фисник Зејнулаи, Биљаљ Исени, Шенол Јашари, Агон Сефо.