shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Шишковски: Сакаме да завршиме на третото место и да го освоиме Купот

Работнички е на прагот на излез во Европа на две кола до крајот на плејофот во Првата фудбалска лига, но нашиот клуб допрва го очекуваат важни мечеви во завршницата од сезоната. Следат првенствените дуели со Брегалница и со Вардар, но пред се финалето на Купот на Македонија против Шкендија.

Голманот Дамјан Шишковски, кој брани во одлична форма во изминатите неколку кола, вели дека целта на Работнички е да заврши на третата позиција на табелата во шампионатот, но и да ја одбрани круната во националниот Куп.

siskovski so skendija 3„Мисијата за излез во Европа речиси ја исполнивме. Потребен ни е математички уште еден бод од последните два меча во првенствениот плејоф. Но, ние нема да се задоволиме со тоа, сакаме да завршиме како третопласирани на табелата во шампионатот, а посебен акцент е ставен на финалето на Купот на Македонија каде ќе ги одмериме силите со Шкендија. Сакаме да ја одбраниме круната и да стигнеме до хет – трик, три пати последователно да го освоиме пехарот во најмасовното натпреварување“, вели Шишковски.

Чуварот на мрежата смета дека Работнички ќе одигра најдобро кога е најпотребно.

„Од натпревар во натпревар нашата форма оди во нагорна линија. Преостануваат уште три меча, со посебен акцент на финалето на Купот. Мислам дека сме подготвени за искушенијата и дека и оваа сезона ќе ја заокружиме со трофеј“, порачува младинскиот репрезентативец на Македонија.