shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Важен триумф над Шкупи за нов европски лет

Работнички успеа да оствари важен триумф над Шкупи (0-1) на гости на Чаир, со кој нашиот тим се наоѓа на прагот на остварување на целта, нов излез во Европа. На две кола до крајот на плејофот во Првата фудбалска лига, Работнички се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 42 бода.

На дуелот кој се одигра без присуство на публика, избраниците на Томислав Франц успеаја да ја исполнат задачата. Работнички поведе рано, уште во 12.минута, по одличната соработка меѓу Илиевски и Алтипармаковски.

Дефанзивецот упати долга топка, Марјан Алтипармаковски беше поумешен од противничката одбрана, ја прифати и успеа да ја затресе мрежата на Шкупи.

Во продолжение од мечот, Работнички успеа да го контролира резултатот и да освои три многу значајни бода во мисијата за нов излез на европската фудбалска сцена.

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-1)

Стадион Чаир, без публика. Судија: Јосип Бартон (Скопје). Делегат: Рамадан Рамадани. Стрелец: Алтипармаковски 12’ (Работнички). Жолт картон: Адили (Шкупи).

ШКУПИ: Маџароски, Ариф, Адили, Бериша (46’ Бајрами), Максути, Малиќи, Адем (46’ Асани), Јаневски (68’ Бојку), Акгун, Демири, Исени.

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Најдовски, Цикарски, Најденов, Петровиќ, Галиќ (89’ Ацковски), Сахити (54’ Јованоски), Атипармаковски, Пушкариќ (71’ Херера).