shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Илиевски: Нашата мисија е излез во Европа и фокусирани сме на тоа

Работнички в сабота (16 часот) му гостува на Шкупи, но не како што претходно беше најавено во Кичево, туку на стадионот Чаир во натпревар без присуство на публика. Ова стана јасно по одредувањето на казната што ја доби Шкупи од Дисциплинската комисија на ФФМ. Но, тоа во глобала не менува ништо во плановите на нашиот клуб, кој има јасна стратегија за излез на европската сцена преку пласманот во шампионатот.

Тоа го потенцира и капитенот Милан Илиевски.

„Нашата мисија останува иста, сакаме да обезбедиме излез во Европа, што е можно побрзо, за да се фокусираме и на финалето од националниот Куп. Не очекува дуел со Шкупи, тоа е квалитетен тим, но ние се надеваме дека ќе оствариме позитивен резултат и дека ќе направиме уште еден чекор кон остварувањето на целта. Го респектираме противникот, но и веруваме во своите квалитети“, вели Милан Илиевски.