shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички в сабота ќе му гостува на Шкупи во Кичево, ќе суди Јосип Бартон

Работнички во претстојното 30.коло, односно трето во рамките на плејофот, ќе му гостува на тимот на Шкупи. Поради суспензијата на стадионот во Чаир, Шкупи ќе ни биде домаќин на Градскиот стадион во Кичево, в сабота со почеток од 16 часот.

Одредени се и службените лица за овој натпревар. Главен судија на натпреварот ќе биде Јосип Бартон од Скопје, а ќе му помагаат Тони Стојановски и Игор Ширилов. Четврти судија ќе биде Мервин Топојани.

Делегат на натпреварот е Рамадан Рамадани, а за контролор е одреден Борка Смоквоски од Прилеп.