shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Маневски и Јованоски донесоа радост против Силекс (2-0)

Работнички оствари многу важен триумф над Силекс во Ѓорче Петров, совладувајќи го кратовскиот прволигаш со 2-0. Со ова нашиот тим се искачи на четвртата позиција на табелата со 39 бода, чекорејќи кон нов излез во Европа.

rabotnicki - sileks trajcevski
Избраниците на тренерот Томислав Франц беа подобар ривал на денешниот меч и заслужено ги освоија трите бода. Уште на самиот старт Работнички тргна офанзивно, и тоа донесе водство уште во десеттата минута. Борче Маневски ја погоди мрежата на Силекс за предност од 1-0.

Само две минути подоцна, Цикарски продре по левата страна, го проигра Маневски, кој шутираше од 16 метри, но непрецизно.

Во 35.минута, Маневски беше повлечен од игра, го замени Мирослав Јованоски, а токму тој беше стрелец на вториот гол за нашиот тим. Во 49.минута, упати удар со левата нога, го надмудри Митровиќ и погоди во спротивниот агол од голот на Силекс.

Во 68.минута Јованоски имаше уште еден одличен обид со глава, но топката заврши над противничкиот гол.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-0 (1-0)

Стадион во Ѓорче Петров. Гледачи: 500. Судија: Марјан Маркоски (Охрид). Делегат: Ајетали Дервиши (Тетово). Стрелци: Маневски 10’, Јованоски 49’ (Работнички). Ж. картони: Трајчевски, Херера (Работнички), Џонов, Тимовски (Силекс).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Галиќ, Илиевски, Најдовски, Цикарски, Трајчевски (85’ Кудијан), Петровиќ, Најденов, Елмас (75’ Херера), Маневски (34’ Јованоски), Алтипармаковски.

СИЛЕКС: Митровиќ, Тимовски, С. Рудан, Гуцев (84’ Распашковски), Џонов, Мицков, Иванов (46’ Ѓоргиев), Ацевски, Пановски (46’ Филиповски), Дурански, Недељковиќ.