shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Пушкариќ стрелец за Хрватска (У-19)

Фудбалерот на Работнички, Марко Пушкариќ, настапи за младата хрватска репрезентација до 19 години на пријателскиот натпревар против Катар (2-0) во Сесвете и беше стрелец на првиот погодок за својата селекција. Тој го отвори резултатот за „коцкестите“ во 41.минута и се чини дека ја оправда довербата на селекторот Фердо Милин.

Пушкариќ по репрезентативните обврски се враќа во нашиот клуб и треба да му се стави на располагање на тренерот Томислав Франц веќе за неделниот првенствен натпревар на Работнички против Силекс.