shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички ќе го пречека Силекс во Ѓорче Петров

Работнички во рамките на 29.коло од Првата фудбалска лига, второ од плејофот, ќе го пречека тимот на Силекс на стадионот во Ѓорче Петров, в недела со почеток од 16 часот. Во ова коло, двата клуба кои ја користат арената „Филип Втори“, Работнички и Вардар, треба да бидат домаќини, па нашиот клуб одбра да игра во Ѓорче Петров.

Во пресрет на овој натпревар, Работнички се наоѓа на петтата позиција на табелата со 36 освоени бода, додека Силекс е третопласиран тим со 43 бода.