shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Цикарски: Имаме сили за успех против Шкендија

Работнички утре (16 часот) ја пречекува Шкендија во премиерниот натпревар од 24.коло во Првата фудбалска лига. По репрезентативната пауза нашиот тим е речиси комплетен, а Мите Цикарски, кој беше дел од сениорскиот национален тим заедно со Горан Силјановски, верува во успех на дуелот што ќе се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје.

„Паузата е искористена за консолидирање на нашиот состав, најголем дел од фудбалерите кои беа повредени сега ќе му бидат на располагање на тренерот Томислав Франц. Тоа ни влева многу поголема самодоверба пред утрешниот натпревар со Шкендија дека имаме сили да оствариме успех. Го респектираме ривалот, се работи за навистина квалитетна екипа, меѓутоа веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат“, истакнува Мите Цикарски.

Информација и за гледачите кои ќе сакаат да го следат во живо овој натпревар. Поради отпочнување на градежни активности на Северната трибина на арената „Филип Втори“, за утрешниот меч во употреба за гледачите ќе биде пуштена само Јужната трибина на нашиот најголем стадион. Новинарските екипи ќе можат своите активности да ги извршуваат на Северната трибина.