shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Јакимовски на центарот, на мечот против Шкендија в сабота

Работнички својот натпревар од 24.првенствено коло ќе го одигра в сабота (16 часот), кога на арената „Филип Втори“ во Скопје ќе гостува второпласираната Шкендија. Денеска се одредени и службените лица за овој меч. Главен судија ќе биде Дејан Јакимовски од Скопје, а ќе му помагаат Никола Караколев (Штип) и Игор Ширилов (Скопје). Четврти судија ќе биде Никола Божиновски (Скопје).

За делегат на овој натпревар е одреден Коле Митев од Кратово, а контролор ќе биде Златко Неделкоски (Скопје).

Клубот ги информира гледачите дека за натпреварот со Шкендија в сабота, во функција ќе биде пуштена Јужната трибина од арената „Филип Втори“, поради почетокот на градежните зафати што ќе се одвиваат на Северната трибина. Новинарските екипи и понатаму ќе можат своите обврски да ги извршуваат од Северната трибина.