shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Кире Маркоски: Едвај чекам да се вратам на теренот

Цела пролет досега Работнички беше без Кире Маркоски во својот состав. На последниот тест од зимските подготовки во Анталија, крилниот напаѓач се здоби со повреда на бутниот мускул, и таа го оддалечи од терените повеќе од еден месец. Сега повредата конечно е санирана и Кире Маркоски работи со максимален ритам на тренинзите, најавувајќи дека едвај чека да се врати на теренот.

„Паузата навистина се оддолжи. Првичните проценки беа дека нема да паузирам толку долго, но потоа се појавија проблеми со хематом во мускулот. Но, сега е тоа зад мене, тренирам заедно со екипата и едвај чекам да повторно да заиграм. Многу долги ми се видоа овие четириесетина денови, се зажелев за фудбал“, вели Кире Маркоски.

Покрај него, и Борче Маневски заработи скршеница на раката, но и тој е веќе во тренажен процес. Исто како и Душко Трајчевски, и Бојан Марковски. Единствено Емир Сахити се уште е надвор од ритам.

„Оваа пауза во првенството навистина ни беше добредојдена. Тренерот Томислав Франц имаше намален избор на фудбалери поради повредите. Но, сега сме повторно во погон најголемиот дел од првотимците и веројатно тоа ќе треба да се почувствува и на резултатите. Веруваме дека ќе влеземе во позитивна резултатска серија во наредниот период“, истакнува Кире Маркоски.

По денешниот тренинг, шефот на стручниот штаб Томислав Франц им даде еден ден одмор на фудбалерите, а активностите продолжуваат в понеделник, со подготовка за следното првенствено искушение.