shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Силјановски и Цикарски одржаа тренинг со А-репрезентацијата во Копер

ФК Работнички го претставуваат двајца фудбалери во А-репрезентацијата на Македонија, која утре (18 часот) ќе одигра пријателски натпревар со Словенија во Копер. Горан Силјановски и Мите Цикарски денеска во терминот на одигрување на утрешниот натпревар одработија тренинг со националниот тим на стадионот „Бонифика“.

Тие се дел од 18-те фудбалери кои овојпат се избор на селекторот Игор Ангеловски за тестот против Словенците.

Во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, ФК Работнички исто така го претставуваат двајца репрезентативци, голманот Дамјан Шишковски, како и Суад Сахити, кој доби македонски пасош и со допоолнителен повик на селекторот Благоја Милевски се приклучи кон оваа селекција.

Во меѓувреме, останатиот дел од тимот на Работнички ги одработува клупските тренинзи и се освежува во овој период на репрезентативна пауза, со надеж дека и ќе се комплетира. Дел од повредените фудбалери полека се враќаат во тренажен ритам.