shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Суад Сахити се приклучи на младата репрезентација на Македонија до 21 година

Фудбалерот на Работнички, Суад Сахити, се приклучи на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, откако доби дополнителен повик од селекторот Благоја Милевски. Тој во понеделник треба и официјално да добие македонски пасош и одлучи да ги брани боите на Македонија.

Сахити денеска веќе го одработи првиот тренинг со младата селекција на Македонија, во чиј состав се наоѓа и голманот на нашиот клуб, Дамјан Шишковски. Овојпат поради неговата повреда изостана повикот за напаѓачот Кире Маркоски.