shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички непоразен од Кратово

Работнички одигра 0-0 на гостувањето против Силекс во Кратово, во рамките на 23.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. И покрај големите проблеми со повредите на дел од фудбалерите, кои ги имаше тренерот Томислав Франц и за оваа средба, нашиот тим успеа да ја продолжи серијата без пораз во пролетниот дел од шампионатот.

Работнички прв се закани преку слободниот удар на Милован Петровиќ во седмата минута, но центаршутот заврши во добро поставениот голман на Силекс. Потоа на спротивната страна, Тимовски по нафрлувањето од десната страна го погоди дирекот од голот на Шишковски, но од надворешната страна, по што топката заврши во гол – аут.

Во вториот дел, Силекс ја истакна својата намера да дојде до победнички погодок, меѓутоа голманот Дамјан Шишковски во неколку наврати одлично интервенираше. Најубавата можност ја имаше Игор Недељковиќ во 81.минута, но шутираше над голот од дваесетина метри.

По ова реми, Работнички се наоѓа на петтата позиција на табелата со 33 бода, еден помалку од Шкупи и од Силекс.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-0

Градски стадион во Кратово. Гледачи: 500. Судија: Дејан јакимовски (Скопје). Делегат: Жарко Стојаноски (Тетово). Жолти картони: С. Рудан (Сил), Цикарски, Силјановски (Раб).

СИЛЕКС: Митровиќ, Тимовски, С.Рудан, Џонов, Мицков, Гуцев, Глигоров, Тодоров (69’ Дурански), Ацевски, Ѓоргиев (69’ Пановски), Недељковиќ (88’ Билали).

РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Силјановски, Илиевски, Најдовски, Цикарски, Петровиќ, Јованоски, Најденов, Ристовски, С.Сахити (82’ Елмас), Алтипармаковски.