shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Дејан Јакимовски ќе дели правда на мечот Силекс – Работнички

Работнички в сабота (14 часот) му гостува на Силекс во Кратово во рамките на 23.коло од Првата фудбалска лига на Македонија, а правдата на мечот ќе ја дели судијата Дејан Јакимовски од Скопје. На него ќе му помагаат Никола Караколев и Сашо Иванов, а четврти судија е Милош Милошевиќ. Дополнителни судии зад голот се Стојанче Стојанов и Дарко Стојчевски.

За делегат на овој натпревар е назначен Жарко Стојаноски од Тетово, а контролор на натпреварот ќе биде Мијалчо Михаилов (Лозово).