shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Трајчевски: Респект за Ренова, но бодовите за нас

Работнички в сабота (14 часот) ја пречекува Ренова на арената „Филип Втори“, а стрелецот на голот од претходниот дуел со Шкупи, Душко Трајчевски, верува во триумф. Тој вели дека „гипсарите“ заслужуваат максимален респект, но посакува бодовите да останат во Скопје.

„Се враќаме на арената „Филип Втори“, нашиот најголем стадион, каде ќе можеме максимално да ја спроведеме нашата игра. Се надевам дека и среќата овојпат ќе ја имаме на наша среќа, со оглед дека на мечот со Шкупи создадовме неколку шанси и за победа, но немавме доволно среќа, а и концентрација, за да погодиме по вторпат. Сепак, успеавме да стигнеме до заслужено реми“, вели стрелецот на погодокот, Трајчевски.

Следи ново искушение против Ренова, а нашиот тим ги посакува трите бода.

„Ренова е тим за респект, составен од квалитетни поединци. Но, и ние имаме свои адути и планови, и нема да биде нескромно ако кажам дека нашата намера е да ги освоиме трите бода. Со максимално залагање, и доколку го наметнеме нашиот препознатлив стил на игра, верувам дека ќе успееме да стигнеме до триумф“, истакнува Душко Трајчевски.