shopping-bag 0
Items : 0
Subtotal : 0 MKD
View Cart Check Out

Работнички се враќа на арената „Филип Втори“: Мечот против Ренова, в сабота од 14 часот

Работнички конечно се враќа на арената „Филип Втори“ во Скопје. По двата меча како домаќин кои ги играше на комплексот на ФФМ, а потоа и во Велес, в сабота против Ренова, со почеток во 14 часот, во рамките на 22.првенствено коло, ќе игра на арената „Филип Втори“ во Скопје.

Одредени се и службените лица за овој натпревар. Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Неделкоски (Скопје) и Гоце Петрески (Скопје). Четврти судија е Марјан Младеновски (Скопје).

За делегат на натпреварот е одреден Васко Кантарџиев (Струмица), а контролор е Марјан Ристески (Кичево).